Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер го погоди југозападен Пакистан

110

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југозападен Пакистан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 30 километри, соопшти ЕМСЦ.

Десетина минути подоцна регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 5,1 степен.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.