Да се биде или не за Реал (М) и Интер

52

Последните осум натпревари од годинашното издание на групната фаза во Лигата на шампиони, треба да поминат во знакот на големата борба која се води за првите две позиции во групата „Б“. Моментално, Борусија од Менхенгладбах и Шахтјор од Донецк се на еден чекот од посакуваниот пласман во 1/8 финалната рунда, но после одиграните 90 минути тоа може да бидат тимовите на Реал (М) и Интер. Шпанскиот гигант има обврска да слави во дуелот против бундеслигашот, а идентична обврска има и калчогигантот во дуелот против украинскиот преставник.

  • Ќе повторам уште еднаш, ние сме живи, можевме да умреме спортски, но сега имаме уште една шанса, последниот натпревар против Шахтјор од Донецк. Единствената работа која ни преостанува е да славиме во Милано, да ги освоиме трите бода, но истовремено да се надеваме дека вториот натпревар во Мадрид, помеѓу Реал (М) и Борусија од Менхенгладбах, нема да заврши без победник, изјави предводникот на „нероазурите“, Антонио Конте.

Директна пресметка но за втората позиција има во групата „Д“. Холандскиот гигант Ајакс ќе се обиде да ја искорити предноста на домашниот терен во дуелот против тимот на Аталанта. За разлика од Ајакс, кој мора да слави, италијанскиот калчолигаш ќе заврши на втората позиција и доколку дуелот во Амстердам заврши без победник.

Денеска на програмата: ГРУПА A: Баерн (М) – Локомотив М., Салцбург – Атлетико (М). Табела: Баерн (М) 13, Атлетико (М) 6, Салцбург 4, Локомотив М. 3 бода. ГРУПА Б: Интер – Шахтјор Д., Реал (М) – Борусија М. Табела: Борусија М. 8, Шахтјор Д. 7, Реал (М) 7, Интер 5 бода. ГРУПА Ц: Манчестер С. – Марсеј, Олимпијакос – Порто. Табела: Манчестер С. 13, Порто 10, Олимпијакос 3, Марсеј 3 бода. ГРУПА Д: Ајакс – Аталанта, Митјиланд – Ливерпул. Табела: Ливерпул 12, Аталанта 8, Ајакс 7, Митјиланд 1 бод.