Градоначалникот Борис Георгиевски ја победи корона и си замина дома

332

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски го победи корона вирусот и од Инфективната клиника во Скопје каде беше хоспитализиран, си замина дома.

Убавата вест Георгиевски ја сподели на Фејсбук.

– Драги пријатели, сакам да ве известам дека по извршени два негативни тестови ја напуштив Клиниката за инфективни болести и од денеска сум дома и продолжувам со домашно лекување. Упатувам голема благодарност до целиот медицински тим на Клиниката, за нивната огромна пожртвуваност и храброст да помогнат на секој пациент кој се бори со ковид-19 – напиша Георгиевски.

Како знак на благодарност за како што вели „херојството и поддршка за целокупниот медицинскиот персонал“, тој донира 10 навлажнувачи за кислород и 1 дигитален апарат за мерење на крвен притисок за Клиниката за инфективни болести.

– Ви благодарам на целата ваша поддршка која ми ја давата овие недели. Ве молам чувајте се сите, почитувајте ги здравствените препораки и носете заштитна опрема – напиша Георгиевски.